Македонија
24. December 2024 - 16:52

Нова спортска сала

По 61 година учениците од Црешево, Виниче и Смилковци добиваат училишна сала во склоп на училиштето Наум Охридски.

Проектот е во вредност од 34 милиони денари и е наменет за 180 деца.

Градоначалникот на Гази Баба Стефковски најавува дека во рамки на училишната сала, ќе се градат и помошни простории за складирање и чување на спортски реквизити, како и канцеларии за наставниот кадар.