Македонија
27. July 2024 - 17:06

Се менува законот за просветниот инспекторат, се укинува како правно лице

Просветниот инспекторат повеќе нема да биде посебно тело туку ќе функционира како дел од МОН. Во рамки на Законот за реорганизација и работа на органите на државна управа, почната е процедурата и за инспекторатот. На енер се објавени измените по кои просветниот инпекторат нема повеќе да биде правно лице. 

Ќе донесат ли измените подобра образовна политика или пак повеќе политика во образованието? Поранешниот виш инспектор Илиевски смета дека на овој начин министерот ќе ја има апсолутната контрола во образовните процеси. 

Министерката тврди дека ова е дел од комплетната реорганизација која се прави од Владата, но имало и многу поплаки дека инспекторите биле многу подложни на влијание. 

Илиевски смета дека токму поради немањето контрола и непочитување на законите и одборот за акредитација до сега акредитирал се и сешто на универзитетите. Последен пример за тоа е струшкиот приватен факултет.

Реагира и за начинот на кој се поставуваат директорите во овој инспекторат и актуелниот и неговиот претходник биле поставени политички,  без никакво искуство во просвета и не ги исполнувале законските услови за оваа позиција.