СДСМ: Заврши изолацијата на земјата, време е за соработка и добрососедство
Заврши времето на изолација и конфликти со демократскиот цивилизиран свет во коешто ВМРО-ДПМНЕ ја држеше Македонија заробена цели 11 години, наведува СДСМ во пишаното соопштение до медиумите.
- Дојде крајот на тајното преговарање и држењето на јавноста и граѓаните во информативен мрак во врска со односите што ги воспоставува нашата земја со соседните земји и меѓународната заедница. Новото време на слободата и демократијата е тука. Тоа е време на соработка, пријателство и добрососедство што ќе придонесе кон економски развој на земјата и перспективна иднина за граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека граѓаните се и ќе бидат транспаретно информирани за секој следен чекор во комуникацијата на Македонија со соседните земји и меѓународната заедница со цел да се интензивираат интеграциските процеси на земјата кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.
- Македонија и нејзините граѓани се уверени во својот национален идентитет, без разлика дали тоа му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ или не!, стои во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници