Македонија
18. September 2022 - 10:11

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени со рацете во медот, за лични интереси загрозуваат проект важен за скопјани

ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија со рацете во медот, се искараа меѓусебе за пари, бизнис интереси и тендер од 136 милиони евра.

Ова го потврди вистинското, криминално лице на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ заради бизнис интереси и пари го загрозува проектот за пречистителна станца во Скопје и предизивкуваат  дирекнта штета на граѓаните и на градот Скопје.

Кавгите, за лични интереси се закуваат да го блокираат тендерот од 136 милиони евра наменет за пречистителна станица, и го доведуваат под прашање овој капитален проект, важен за граѓаните, финансиран од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Додека тие се караат, Скопје цела година стагнира.

Граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не.

Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема.

 

Центар за комуникации на СДСМ