СДСМ: Владата за секое задолжување транспарентно ги известува граѓаните
Не постои поголемо задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11-годишното расипничко и криминално владеење, се наведува во реакцијата на СДСМ на изјавата на Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
- ВМРО-ДПМНЕ нетранспарентно и тајно ги задолжуваше граѓаните, а парите од задолжувањата ги користеше за лускуз, непродуктивни трошоци и сопствено криминално богатење, со што граѓаните и идните генерации ги задолжи со јавен долг од над 50 отсто од БДП, стои во реакцијата.
За секое задолжување, како што се наведува, Владата транспарентно ги известува граѓаните и секој преземен чекор е во согласност со интересите на граѓаните.
- Заврши времето на децениското расипничко и нетранспарентно трошење на буџетските средства. За сите злоупотреби на пари на граѓаните, ќе следува одговорност, се вели во реакцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива