-->
-->
СДСМ: Уште еден успех на Владата и премиерот Ковачевски, странски инвестиции од 753 милиони евра
-->
Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски и антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат.
Успешно се справивме со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Антикризните мерки го заштитија стандардот на граѓаните и им помогнаа кога беше најтешко.
Никој не беше оставен сам во време на криза.
Ги покачуваме платите и пензиите за историски највисоко ниво од независноста до денеска, а истовремено намалена и замрзната е цената на основните прехранбени продукти.
Дополнително, 2022, годината на најголема економска криза во Европа, ја завршивме со најголеми досега, рекордни 735,8 милиони евра странски директни инвестиции.
Тоа, е само уште еден показател за успешноста на економските политики на СДСМ, но и доказ колку е важно членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ кои гарантираат економска и општествена стабилност на државата.
Странските директни инвестиции освен што креираат нови работни места, придонесуваат за зголемување на производството, на извозот и раст на платите.
СДСМ како одговорна партија ќе продолжи со реализација на мерките и политиките што ја зајакнуваат домашната економија, продолжуваме со вистинска грижа за нашите сограѓани и за македонската економија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ