СДСМ: Скандалозна злоупотреба на комисијата за Онкологија, Мизрахи да си даде оставка
Рашела Мизрахи и ДПМНЕ ја злоупотребија комисијата за Онкологија и побегнаа затоа што немаат никакви аргументи. Сакајќи да ги престави своите или заклучоците од белата палата како заклучоци на Комисијата, направи преседан во Сообранието и ја злоупотреби својата политичка функција. Рашела Мизрахи требаа веднаш да си поднесе оставка, заради својот однос кон пациентите на Онкологија, кој е недозволив. Мизрахи, на анкетната комисија само ги прочита заклучоците кој доаѓаат од блата палата на ВМРО-ДПМНЕ и без гласање си замина еден час на пауза.
„Не постои интерес на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, а со односот на Рашела, бевме сведоци на една класична политичка злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи. Таа докажа дека нивната анкета било само заради политичка цел. Нас ни беше работа да откриеме дали имало злоупотреба на правата на пациентите. Но, таа ја зема улогата на обвинител на судија, и врз основа на свои заклучоци почна да наведува кој колку треба да лежи во затвор, без никакви докази. Ова е класична злоупотреба на функцијата каде пациентите и грижата за нив не се важни, туку само политичките цели на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.
Во изјавата тој додаде дека СДСМ ги изнесе своите заклучоци во кои бараат од основно јавно обвинителство веднаш да ги расчистат сомнежите за терапијата на клиниката на Онкологија. Оттаму велат дека постоеле долгогодишни системски слабости на функционирањето на Клиниката , констатирани во извештаите за 2021, 2012 и 2008 година.
Се констатира и дека до 2017 година не била набавувана соодветна и навремена терапија за лекување на пациентите на Онкологија, а со измените на законот за здравствена заштита се дозволило увезување на лекови без сертификат од ЕУ и тоа претставувало потенцијална опасност за увезување лекови со сомнително потекло.
„Ние како Собрание сме должни да ги погледнеме системските слабости , да донесеме соодветни заклучоци кои ќе бидат во корист за да помогнеме за подобрување на здравјето на нашите сограѓани“, вели Коциќ.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка