СДСМ: Музејот на Македонија говори за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон културното наследство
СДСМ денеска преку соопштение посочува дека состојбата со Музејот на Македонија најдобро покажува каков бил односот на ВМРО-ДПМНЕ кон културното и историското наследство.
- Состојбата со Музејот на Македонија, објект од историско и културно значење за граѓаните на Р.Македонија кој е целосно запуштен и руиниран со срушени плафони и мувлосани ѕидови, најдобро говори за тоа во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ ги остави институциите и државата и како се однесуваше кон културното и историското наследство, се вели во соопштението.
Според СДСМ, значајните културни институции и градбите од историско и културно значење биле занемарени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ најавуваат дека новата Влада посебен акцент ќе стави на заштитата на објектите од културно и историско значење.
Ново на Сител
-
Просечната пензија од септември ќе ја надмине минималната плата
-
Проблемите на малите општини
-
Депонијата Буково - еколошка бомба
-
Преглед на вестите од светот
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес