-->
-->
СДСМ: Мицкоски слугува на туѓи интереси и застана против интересите на граѓаните и државата
-->
Христијан Мицкоски слугува на туѓи интереси кои не сакаат нашата земја да стане дел од ЕУ и НАТО, кои се против напредокот и интеграцијата.
Затоа Мицкоски е фрустриран и не може да се помири што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО.
Уште еднаш се потврдува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна од интересите на државата и граѓаните.
Но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека и покрај сите лажни вести, манипулации, покрај сета нивна деструктивностн, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.
Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце