СДСМ: Мицкоски ги следи насоките на Груевски, сака враќање назад во изолација и режим, затоа го очекува пораз на 12 април
Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека е против НАТО, против ЕУ, против напредок и интеграција.
Најавите дека ќе го поништел Договорот од Преспа е директна закана за нашето членство во НАТО, затоа што Договорот беше последниот клучен услов за наше членство во Алијансата.
Мицкоски отворено зборува дека работи против НАТО, против стратешките цели на државата и нејзините граѓани.
Тој и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата закана за државните и националните интереси.
Следејќи ги насоките од Будимпешта од неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски најавува враќање назад во изолација, во режим и неизвесност.
Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а со таква понуда не може да очекува ништо освен нов убедлив пораз на 12 април.
Граѓаните нема да дозволат враќање назад во режим и изолација и одново ќе го поразат антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата