СДСМ: Ќе се отворат евро-атлантските перспективи
СДСМ во денешното пишано соопштение најавува отворање на евро-атлантските перспективи и повисок животен стандард. Тие го повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да се вгради во реформските процеси.
- ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тие одлучија да ги осиромашуваат граѓаните, се наведува во соопштението.
Според СДСМ, доколку навистина мислеше на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе работеше на целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
- Преку отворен и конструктивен дијалог со опозицијата и граѓанското општество, Владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на отворање на евро-атлантските перспективи. Посветено и напорно ќе се работи и на исполнување на зацртаните цели кои ќе овозможат минимална плата од 12.000 денари до крајот на годината и 16.000 денари до крајот на мандатот, истакнуваат од СДСМ.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација