СДСМ: Црнилата завршија со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција
По 11 години криминал, корупција, неспособност и расипништво, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, денес е опседнато со црнила и мракови.
„Младиот“ Тони Михајловски и членовите на дел од подмладокот на Мицкоски црните панделки треба да ги закачат на скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ– седиштето на најбогатата партија во Европа изградено во време на најголема сиромаштија.
Скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е вистинската адреса за црнилата во која Македонија беше завиена цели 11 години, тоа е симболот на криминалот и расипништвото.
Македонија конечно тргна во вистински правец и враќање назад кон црнилата на ВМРО-ДПМНЕ, кон криминалот, изолацијата, сиромаштијата нема да има.
Црнилата завршија со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија денес е демократска, економски перспективна земја – држава пријател на демократскиот свет.
Ново на Сител
-
Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе
-
29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров
-
Уставен ќе го разгледа барањето на Апасиев за дискриминација од Џафери
-
Продолжение на 16-тата собраниска седница
-
Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“
-
Најмалку шест луѓе загинаа во израелски напад врз Бејрут
-
Руска бомба погоди станбена зграда во Харков
-
Состојба на патиштата