СДСМ: Битолскиот градоначалник треба веднаш да поднесе оставка
Потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски денеска на прес-конференција во Битола порача дека секој кој се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе одговара, а тоа, како што рече, важи и за градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.
Според Кирацовски, правната држава во Македонија мора да профункционира, а битолскиот градоначалник треба веднаш да поднесе оставка.
- Наивно е ако ВМРО-ДПМНЕ мислат дека нема професионално да проработи Специјалното јавно обвинителство, формирано со целосен политички консензус, вклучувајки ја и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Бараме Битола да не биде заложник на Владимир Талески и затоа тој мора веднаш, од морални причини, да си поднесе неотповиклива оставка. Ги охрабруваме сите, посебно чесните членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, да не си го валкаат образот за криминалци. Правдата на голема врата доаѓа за сите нас кои искрено си ја сакаме државата и тоа е веќе незапирлив процес, истакна Кирацовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје