Свет
30. August 2022 - 20:54

Сарацин: Целта на Германија е полноправно членство во ЕУ за земјите од Западен Балкан

Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин денеска изјави дека проширувањето на Европска Унија е најмоќна алатка за трансформација на ЕУ.    

– Јасно е дека тој (Западен Балкан) припаѓа на ЕУ и јасно е дека тоа е начинот на кој треба да оди. Германската посветеност на евроинтеграција на Западен Балкан е тука, истакна Сарацин на вториот ден од Бледскиот стратешки форум.

Тој на панелот „Проширување на Европската унија со Западен Балкан: Старо чувство на нов почеток“ наведе дека целта на Германија е полноправно членство на шесте земји од регионот и оти секој од нивните граѓани ќе биде државјанин на ЕУ со исти права и исти обврски.