Санкционирани 123 возачи во Скопје
– Санкционирани се 123 возачи во Скопје во тек на вчерашните контроли во областа на сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од вкупно изречените 124 мерки, девет се за возење повеќе од дозволената брзина, исто толку за возење без возачка дозвола, две на возачи под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите