Санду: Молдавија нема да воведе санкции на Русија
Владата во Молдавија ќе го задржи неутралниот став и нема да се приклучи на санкциите на Западот против Русија поради конфликтот во Украина, изјави претседателката Маја Санду.
„Има одредени работи што треба да им ги обезбедиме на нашите граѓани. Ако ја оставиме земјата без гориво и ја дестабилизираме ситуацијата овде, тоа нема да помогне никому“, рече Санду, додавајќи дека „ниту Молдавија, ниту Украина, ниту нашите западни партнери“ нема да имаат корист од таа ситуација.
Според неа, на економската ситуација во Молдавија влијаел конфликтот во соседната земја.
„Немаме пристап до пазарите на Украина, Русија и Белорусија. Извозот и увозот во тие земји се практично блокирани како резултат на конфликтот“, рече таа, коментирајќи ја можноста за ограничување на извозот и увозот.
Санда ја спомена и големата зависност на Молдавија од испораките на гориво од Русија.
„Можеме ли да си дозволиме да ја оставиме нашата земја без природен гас или струја? Не, не можеме, поради нашите граѓани и поради 100.000 украински бегалци, меѓу кои и 50.000 деца“, рече претседателката Санду.
Ново на Сител
-
Загина тракторист во сообраќајка во село Баница
-
Во Општина Велес годинава инспекторите за храна не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава против операторите со храна
-
Кривична за 78-годишник за мачење животни
-
Почина затвореник од Идризово
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
„Визер“: Укинати летови од Скопје кон Келн, Стокхолм и Копенхаген
-
Пукање во Чаир, оштетени возила и куќa
-
Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола