Загина тракторист во сообраќајка во село Баница
Претпладнево во селото Баница, кај Струмица, на патот Струмица-село Баница - село Вељуса во сообраќајка загина тракторист, а сопатникот кој се превезувал со него е повреден.
Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица, од каде информираа дека денеска околу 09:45 часот се случила сообраќајната несреќа меѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски таблички управувано од Л.Р. (72) од село Вељуса и трактор „ИМТ 539“ управувано од починатиот Д.С. (43) од село Баница.
-Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица, информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а во расчистувањето на последиците од сообраќајната несреќа учествувала и екипа на ТППЕ Струмица.
Ново на Сител
-
Загина тракторист во сообраќајка во село Баница
-
Во Општина Велес годинава инспекторите за храна не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава против операторите со храна
-
Кривична за 78-годишник за мачење животни
-
Почина затвореник од Идризово
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
„Визер“: Укинати летови од Скопје кон Келн, Стокхолм и Копенхаген
-
Пукање во Чаир, оштетени возила и куќa
-
Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола