Сандра Африка: Миле Китиќ со години ме искористуваше!
Атрактивната пејачка Сандра Африка последните неколку години важи за една од најбараните пејачки, а почетокот на нејзината кариера е поврзан со Миле Китиќ. Сандра прво се појави во неговиот спот, а потоа и со него заедно настапуваше како танчерка, но таа тврди дека повеќе му помогнала него, него тој неа.
-Прв пат се појавив во неговиот спот “Татина маза“. Требаше да биде во него афроамериканка, но таа се разболе и ме повикаа мене. Тогаш бев многу црна. бидејќи постојано идев на солариум, а со тимот одлично се вклопив. Кога Миле виде дека тоа испадна одлично, сите прашуваа која е таа црната мала, а на него секако му годеше.
Потоа ме повика да учествувам во спотот “Шампањац“, а потоа ме носеше и на настапи. Му одговараше, зошто да не. И затоа јас на некој начин му помогнав. А, кога побарав од него да се јави и да ме најави кај Марина Туцаковиќ, не барав пари од него, тоа е 100 динари кредит, тој ми го сврте грбот. Се чуствував буквално искористено. А, знаеше неговиот менаџер да ме буди во 6 часот наутро да ми направат пасош, бидејки бев дете. Виде дека одлично му поминуваат настапите, а на мој грб зимаше одлични пари, изјавила Сандра за едно интервју.
Таа додаде дека сопругата на Миле Китиќ станала многу љубоморна кога ја видела Сандра како изгледа.
-Беше љубоморна. Односно, не беше додека не ме виде. До тогаш викаше нека иде Сандра, затоа што знаеше дека дома ќе донесе повеќе пари. Ми зборување среќо, љубов, а кога ме виде се смени. Што и се случи, незнам – заклучи Африка.
Ново на Сител
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави