-->
-->
Санчез: Како опозиционер бев со Рахој поради Каталонија
-->
Шпанскиот премиер, Педро Санчез им порача на политичките противници кои вчера на протест во Мадрид бараа да поднесе оставка, дека додека бил опозициски лидер го поддржувал тогашниот премиер Маријано Рахој во врска со Каталонија.
Повеќе десетици илјади луѓе вчера протестираа против предлогот на Санчез за почнување дијалог со цел намалување на политичките тензии во Каталонија. Председателот на Народната партија Пабло Касадо ги повика избирачите да ги казнат социјалистите на Санчез на европските избори во мај.
Во исто време, на собир на социјалистите во северна Шпанија, Санчез порача дека сега како премиер „секогаш со почитување на Уставот, се обидува да ја реши националната криза во која придонесе Народната партија” чиј лидер беше Рахој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?