-->
-->
Само едно слободно место за плејофот во Евролигата
-->
По одигрувањето на четирите синоќешни натпреври од 28. коло, остана само едно слободно место за плејофот во кошаркарската Евролига.
Екипата на Анадолу Ефес со победата над Фенербахче 80:77 го потврди својот пласман во четврфиналето, кое за Жалгирис е веќе недостижно иако литванскиот шампион забележа победа на гостувањето во Тел Авив кај Макаби со 93:77.
Армани остана закован на дното на табела по вчерашниот пораз во Милано од Панатинаикос со 63:72. Победата на Панатинаикос на гостувањето во Шпанија кај Басконија со 72:63 на грчкиот тим му носи поповолна стартна ситуација во разигрувањето.
За последното празно место во четвртфиналето останува да се борат Црвена Ѕвезда и Дарушафака. Белградската екипа која вечерва гостува кај отпишаната Барселона има две победи повеќе од турскиот тим кој пред својата публика вечерва го игра истанбулското дерби против Галатасарај, кој е без шанси за место во „топ 8“.
Кај Уникс Казан гостува актуелниот шампион московска ЦСКА, додека дербито е во Атина каде Олимпијакос го пречекува лидерот на табелата Реал Мадрид.
Покрај денешните четири средби, до крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште две кола.
Табела: Реал Мадрид 20-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 20-7, Олимпијакос 19-8, Фенербахче 17-11, Панатинаикос 17-11, Анадолу Ефес 16-12, Басконија 16-12, Црвена Звезда 15-12, Дарушафака13-14, Жалгирис 13-15, Галатасарај 10-17, Барселона 10-17, Бамберг 10-18, Макаби 10-18, Уникс Казан 7-20, Армани Милано 7-21.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила