Саем на кариера 2018
Агенцијата за млади и спорт првпат годинава организира „Саем на кариера 2018“, кој ќе се одржи денеска на Универзитет Св. „Кирил и Методиј“.
Целта на Саемот е младите да се информираат и да стапат во директен контакт со компаниите, со можност да бидат селектирани за обука, пракса или пак вработување. Тоа што настанот се одвива пред крајот на студиската година, им овозможува на студентите полесно да стапат во контакт со компании во кои можат да ја исполнат задолжителната пракса во летниот период.
Од друга страна ова е можност за компаниите да дојдат до база на податоци од студенти кои се заинтересирани за работа и пракса, со можност за потенцијални нови вработувања.
Агенцијата за млади и спорт како институција која се грижи за развој на младите и нивна интеграција во работниот процес, смета дека со ваквиот настан овозможува вмрежување на младите, институциите и бизнис секторот.
На саемот е најавено учеството на триесетина компании, како и Агенција за вработување на Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика и Фондот за иновации и технолошки развој. Настанот е подржан од Бест Скопје и Аиесек Македонија.
Во рамки на „Саемот на кариера 2018“, ќе се одржи и панел дискусија на тема „Како до успешна кариера во македонски иновативни компании“.
Ново на Сител
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје
-
Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
-
До вторник услови за слаб дожд и снег на планините
-
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат
-
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
-
Утре пред Собранието законските измени за сметководителите