-->
-->
САД размислува за поставување артилерија во Јужното Кинеско Море
-->
Во момент на зголемени тензии во Јужното кинеско море, американската војска ја разгледува можноста за испраќање мобилни артилериски единици во тој регион.
Изминатиот викенд американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговата администрација ќе продолжи да не се согласува со територијалните барања на Пекинг во Јужното Кинеско Море.
- Сметаме дека Кина се придржува кон стариот принцип „посилниот е секогаш во право“, наместо со соработка во рамки на меѓународното право и норми да поставува барања и да ги решава споровите, истакна Обама.
САД и нивните сојузници во Пацификот ја обвинија Кина за изградба на вештачки острови во чувствителни морски делови, со цел да се создадат зони за воздушна одбрана во тоа спорно водно подрачје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти