САД ќе ја обезбеди третата транша од една милијарда долари за Украина
Американскиот претседател Барак Обама ја потврди подготвеноста на САД да ја обезбеди за Киев третата транша од една милијарда долари од загарантираниот заем, откако ќе биде формирана украинската Влада, нагласи Обама на средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко, која беше одржана во Вашингтон, јави ТАСС.
Посебно внимание на средбата беше посветено на прашањето за формирање на Влада во Украина.
- Претседателот Обама ја потврди подготвеноста да ја обезбеди третата транша од загарантираниот заем за Украина во износ од една милијарда долари, но тие пари ќе бидат обезбедени по завршувањето на процесот на формирањето на Владата на Украина, се наведува во соопштението од кабинетот на Порошенко.
Претходно, американскиот потпретседател, Џо Бајден, за време на состанокот во Вашингтон, го известил Порошенко дека САД работи на забрзување на процесот за доделување на 335 милиони долари на Украина за помош во областа на безбедноста.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива