Руски воени бродови и подморница забележани до границата со Летонија
Руски воени бродови и подморница се забележани во близина до границата со Летонија, соопштија денеска летонските Национални вооружени сили.
- Во летонската економска зона на 25 морски милји од територијалните води, безбедносните сили идентификуваа подморница од типот „Кило“ на руските Вооружени сили, се наведува во соопштението.
До границата, исто така, бил забележан и рускиот хидрогеографски брод „ГС-270“ од типот „Финк“ и бродот за техничка поддршка на подморници „СС-750“ од типот „Каштан“.
Според податоци на летониското Министерство за одбрана, руски воени авиони и бродови се приближиле до границата повеќе од 270 пати минатата година и над 250 пати во 2014 година.
Рускиот амбасадор во Летонија, Александар Вешњаков повеќе пати досега изјавил дека сите летови на руски воени авиони и движења на бродови се вршат согласно меѓународните правни норми.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата