Руската телевизија по грешка прикажа снимки со тајно оружје
Руската телевизија по грешка емитуваше кадри од таен систем за торпеда со нуклеарно полнење, што во моментов е во процес на разработување во Русија, јави БТА.
- Некои тајни податоци случајно паднаа во објективот на камерата и снимките потоа беа емитувани од сајтовите на овие канали, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Се надеваме дека ова нема да се повтори“, дополни тој.
Два канала на руската државна телевизија - НТВ и Првиот канал - вчера емитуваа снимки на кои се гледа како руски војник го разгледува документот со цртежи и опис на новиот систем за торпеда, наречен „Статус-6“.
Торпедата, чија разработка е со ознаката „тајно“, ќе бидат истрелувани од подморници со цел радиоактивно да се загадуваат поголеми зони, кои во подолг период ќе станат неупотребливи за воени, земјоделски или економски цели, се дознава од текстот во снимките.
Снименото видео е од средбата на претседателот Владимир Путин со високо позиционирани претставници на одбранбениот сектор во Сочи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат