Руската Дума треба да се изјасни за суспендирање на спогодбата со САД
Рускиот Парламент денеска треба да се изјасни за суспендирање на спогодбата меѓу Русија и САД за уништување на плутониумот од демонтираните нуклеарни боеви глави, кој може да се употреби како нуклеарно оружје, а се очекува дека нацртот на тој закон ќе биде усвоен.
Рускиот претседател Владимир Путин го најави тој чекор на почетокот на октомври. Во Долниот дом, во кој партијата Единствена Русија има мнозинство, законот сигурно ќе биде изгласан.
Без проблеми се очекува да мине и гласањето во Советот на федерацијата, така што законот би можел да стапи во сила следните недели.
Спогодбата меѓу рускиот државен атомски концерн Росатом и Министерството за енергетика на САД е потпишана во 2000 година, по преговорите, кои почнаа уште во 1990 година.
Со спогодбата е предвидено уништување на 34 тони плутониум, што би можел да се употреби како нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети