Свет
24. September 2015 - 8:33

Русија лансираше три воени сателити

Русија лансираше синоќа три воени сателити со ракета-носач со среден дострел „Рокот“ од космодромот Плесецк во северната Архангелска област, јави ТАСС.

Трите вселенски летала добија имиња од серијата „Космос“, со редни броеви 2.507, 2.508 и 2.509. 

По изведувањето на предвидените ниски орбити над Земјата руските Воено-вселенски сили воспоставиле и одржале со нив стабилна телеметричка врска, а нивните системи функционираат нормално. 

Претходното лансирање на истата ракета го привлече вниманието на светските медиуми минатата година поради тврдењата дека освен сателити „Родник“, кои се наоѓаат на неа, таа во орбитата ланирала и маневрирачки вселенски апарат.

Кон крајот на годината тогашниот директор на „Роскосмос“, Олег Остапенко изјави дека двата маневрирачки апарати „Космос-2499“ и „Космос-2491“ не се сателити убијци.