-->
-->
Русија ќе распореди регионален систем за противвоздушна одбрана во Ерменија
-->
Русија планира да распореди интегриран регионален систем за противвоздушна одбрана во Ерменија, јави ТАСС.
Ерменија, која се граничи со Турција и со Грузија, која се стреми кон членство во НАТО, ќе раководи со системот, со помош на Русија.
Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин нареди да се потпише договор меѓу Русија и Ерменија за создавање на интегриран регионален систем на противвоздушна одбрана во Кавкаскиот регион, чија цел би била гарантирање на колективната безбедност.
Путин вчера повторно ја изрази загриженоста на Русија од планираната изградба на американскиот систем за противракетна одбрана во источна Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа