Русија испраќа 27 тони хуманитарна помош за Појасот Газа
Русија денеска испрати 27 тони хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа, што ќе биде транспортирана од Египет, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Специјален авион полета од аеродромот во Раменскоје во близина на Москва за Ел-Ариш во Египет. Руската хуманитарна помош ќе биде предадена на египетската Црвена полумесечина за да биде испратена во Појасот Газа, наведе заменик-министерот Илја Денисов.
Претходно беше соопштено дека претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа.
- Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден се договорија за одржлива испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа преку терминалот Рафах, изјави портпаролот на Сиси, Ахмед Фахми, без да се прецизира датум.
Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку било оневозможено функционирање поради израелските воздушни напади врз Газа.
Израелски медиуми објавија дека отворањето се очекува утре. Египет мора прво да го поправи патот преку границата, што беше уништен од израелските воздушни напади. Повеќе од 200 камиони и околу 3.000 тони помош чекаат на или во близина на преминот Рафах, единствената врска на Појасот Газа со Египет.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување