-->
-->
Русија и Индија договараат зделки вредни 150 милијарди долари
-->
Претседателот на Русија, Владимир Путин оствари денеска средба со премиерот на Индија, Наредра Моди при што беше најавена развојна програма за индискиот одбранбен систем во вредност од 150 милијарди долари.
Моди вчера пристигна во дводневна посета на Русија. Двајцата лидери вчера разговараа зад затворени врати.
Моди на Твитер објави дека разговорот бил фокусиран на индиско-руските односи. Премиерот на Индија објави и фотографии од размена на подароци со рускиот претседател.
Според руски медиуми, планирано е потпишување низа договори во секторот на нуклеарната енергетика. Индија минатата недела одобри купувње руски противавионски ракетен систем С-400, што е најголем воен договор меѓу двете држави во изминатата деценија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нивото на Охридското Езеро постојано осцилира
-
За еден ден домаќинките од Општина Босилово подготвија 220 килограми ајвар
-
Преглед на вести од светот
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави