Русија го изврши третиот напад со балистички ракети врз Киев овој месец
Русија го подложи украинскиот главен град Киев на трет напад со балистички ракети овој месец, според прелиминарните податоци дека сите проектили биле уништени кога се приближиле до градот, соопшти воената администрација на украинската престолнина, цитирана украинските медиуми.
-Ова е веќе трет балистички напад врз главниот град во август, со интервал од точно шест дена помеѓу секој напад, изјави на Телеграм, Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.
„Според прелиминарните информации, Русите повторно, трет пат по ред, најверојатно користеле севернокорејски балистички ракети“.
Се известува и дека нападот бил речиси идентичен со претходните, забележуваат украинските медиуми.
Попко додаде дека украинските единици за воздушна одбрана уништиле и неколку беспилотни летала лансирани од Русија.
Засега не се разјаснети размерите на нападот, според Попко, нема извештаи за жртви или материјална штета.
-Околу два часа по првичниот напад, Киев, неговата околина и поголемиот дел од централна и североисточна Украина повторно беа во состојба на готовност, со извештаи за повеќе проектили насочени кон градот, соопшти украинското воздухопловство.
Истовремено, остатоци од уништено украинско беспилотно летало запалиле дизел гориво во индустриски склад во руската област Ростов, изјави на Телеграм гувернерот на југозападната руска област, Василиј Голубев.
Ново на Сител
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети