Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
Бугарското МНР го правда потегот на амбасадорот Радуков со став дека посетата на Силјановска немала ниту државен, официјален или работен карактер.
Во такви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање на химните, поставување други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути. Ова вчера го изјави и амбасадорот Радуков во разговорот со дипломатите од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, посочуваат од бугарскот МНР за Нова.бг
Оттаму изразуваат и жалење што и покрај тоа што при посетата на Софија била испратена покана за средба помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, средбата била одбиена од страна на Муцунски.
Од македонско МНР потврдуваат дека средба била одбиена но само поради тоа што понудениот термин бил во исто време со средбата помеѓу двајцата престедатели, а министерот Муцунски како дел од делегацијата на Силјановска сметал дека е поважно да присуствува на истата.
Реакциите не запираат и денеска. По вчерашното интервју на Силјановска во тема на денот на Сител опозицијата оценува дека таа нема ниту капацитет, ниту достоинство да биде претседателка на државата, бидејќи свесно ги понижила граѓаните и државата среде Софија.
- Силјановска одлучила да ја понижи државата и нејзините граѓаните за таму во моментот да не и биде непријатно. Фактот што нашата делегација според нејзините тврдења отишла целосно неподготвена, без никаква координација со протоколот на Радев и без знаење за тоа што е планирано од протоколарни активности, укажува на целосно отсуство на одговорност и професионализам во нејзиниот тим. Аматерски подготвена посета која однапред била осудена на фијаско. Комплетна неспособност и недостојност за големи меѓународни политики демонстрира тимот на Мицкоски, се вели во реакцијата на СДСМ
Силјановска во вчерашното гостување објасни дека и покрај променетите протоколи решила да не предизвика поголем скандал.
- Кога тргнавме, мислевме дека ќе одиме во просторија за разговор. Одеднаш, кога влегов во просторијата, ги видов двете знамиња и требаше да размислам што да направам. Едната мисла беше дека можам да си заминам и ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот греши, а не јас. Во тој момент решив дека е подобро сепак да не правам скандал, рече Сиљановска-Давкова.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар