Рош: До крајот на септември брз тест за коронавирусот
Швајцарската фармацевтска компанија Рош објави дека до крајот на септември на пазарот ќе пушти брз тест за откривање на коронавирус, кој ќе дава резултати за 15 минути.
Тестот за антигени на вирусот САРС-КоВ-2, што ја предизвика пандемијата на Ковид-19, од кој од крајот на декември починаа повеќе од 851.000 луѓе низ светот, ќе биде достапен во земјите што ја признаваат ознаката СЕ, задолжителна за производите што влегуваат на пазарот на Европската унија.
Рош сака да побара и итно одобрување од Американската агенција за лекови (ФДА).
– Секој месец ќе бидат достапни 40 милиони брзи тестови за САРС-CoV-2. Тој капацитет ќе се зголеми двојно до крајот на годината, со цел да се одговори на побарувачката на здравствените системи ширум светот, објави компанијата.
Пуштањето на тестот на пазарот мора да се спроведе во соработка со јужнокорејската компанија SD Biosensor Inc, која веќе располага со бројни тестови за откривање на вирусот, и со која Рош има договор за дистрибуција во светот.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба