Роналдо повтори светскиот рекорд
Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо синоќа против Франција беше двоен стрелец на натпреварот од Европското првенство Ф-група. Тој ги реализира двата пенала и изедначи светски рекорд.
Триесет и шестгодишниот напаѓач стигна до 109 голови за националниот тим, исто колку што има и поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи.
Роналдо стана и прв стрелец во историјата на Мундијалите и Европските првенства. Португалецот, кој постигна седум гола на светските првенства и 14 на континенталните, го престигна Мирослав Клосе, кој го држи рекордот за голови на светските шампионати – 16.
Кристијано стана првиот играч кој играл на пет Европски првенства по ред. Учествуваше на ЕП 2004, по што редовно се појавуваше на теренот на следните турнири.
Роналдо исто така стана првиот играч во историјата на ЕВРО кој постигнал најмалку три гола на три различни турнири (ЕП 2012, ЕП 2016, ЕП 2020).
Ново на Сител
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД