Македонија
23. January 2021 - 15:52

Рокот за поднесување на ДДВ 04 продолжен до 29 јануари

Од УЈП ги известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за четири дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021.

-Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04, соопшти Упрвата за јавни приходи.