„Родив здраво бебе, но ми го украдоа во болница“: Потресна исповед на мајка која преживеа пекол
Родив здраво машко дете, а при излегување од болница лекарот ми рече: „Не издржа“. Бебето никаде не е закопано, нема обдукција – вели во својата потресна исповед една мајка од Сремска Митровица.
Славка Пајиќ (60) од Сремска Митровица на почетокот на декември 1986 година на свет донела здраво машко дете, тешко скоро 5 килограми. Три дена бебето уредно било носено кај мајката, но кога дошол ден да ја напуштат болницата, се тргнало во погрешна насока.
-Прво повеќепати сакаа да ми дадат некоја инекција, па не ми даваа да одам кај боксовите со бебињата. На крај дојде лекарот и само рече: „Детето не издржа“. Се сеќавам на острата болка во стомакот и губењето на свеста, со солзи во очите се потсетува Славка која по преживеаниот шок, паднала во кома два месеци.
Во тоа време, како што раскажува, едвај преживеала операција на жолчката и панкреасот, а кога се разбудила, од докторите добила ужасни прогнози дека никогаш повеќе не смее да роди.
-Сепак забременив по две години, а иако сите доктори ми зборуваа дека ќе умрам на породување, цврсто се одлучив да родам. Не спиев со месеци од болки, но издржав и во 1988 година е родена мојата постара ќерка. Втората ја родив во 1993 година, иако имав алергија на фетусот и седум месеци бев приклучена на инфузија. Третата ќерка ја родив на 40 години, но никогаш не го заборавив своето првенче, се потсетува Славка.
Таа наведува дека во 2015-та година видела момче кое изгледало идентично како нејзиниот сопруг.
-Го застанав на улица и само собрав сила да го прашам кога е роден. Одговори 1986 и јас паднав во несвест, а тој некаде исчезна. Сопругот никогаш не го виде нашето дете, никаде не е закопани, не е направена обдукција, нема причина за смртта…Ќе си го најдам синот, нема да се откажам, вели Славка.
Таа истакнува дека ги тужела градот, болницата и целиот песонал во Сремска Митровица, а една од нејзините кривични пријави е одбиена поради застареност иако киднапирањето не може да застари.
Славка тврди дека поради овие тужби, нејзините ќерки кои заедно имаат 327 дипломи трпат притисок и мобинг:
-Најстарата и средната ќерка завршија по 3 факултети, но поради опструкции веќе со години не можат да најдат работа. Единствена причина зошто во Сремска Митровица се одбиваат моите талентирани деца е поради тоа што јас си го побарав моето киднапирано дете. Не гледам друга причина за тоа. Зар по сите маки низ кои поминав со едно изгубено дете, мора ова да им се случува на другите, револтирано вели Славка.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава