РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
Намалениот увоз на струја поради производството на фотоволтаичните централи наскоро може да ги намали и цените за домаќинствата.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Радио Слободна Европа вели дека во моментов прават анализа која треба да покаже дали постои можност да се прошири евтината тарифа на струјата за еден час, односно до 16 часот, бидејќи сега е од 13 до 15 часот, но и генерално да има намалување на цената на струјата.
„Зголемувањето на евтината тарифа го правиме за да се искористи евтината цена на електричната енергија во тие периоди. Исто тако, со тој сигнал што го испраќаме до ЕСМ и до ЕВН Хоум, да купуваат електрична енергија во тие периоди, особено ЕВН Хоум, ние ќе обезбедиме и пониска цена на електрична енергија која сосема е возможно да ни обезбеди и намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата“, вели Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа кое ќе се емитуваме в недела.
Новата цена на струјата Регулаторната комисија ќе ја донесе крајот на јуни и тогаш ќе се знае дали и колку ќе има намалување на цената на струјата. Дополнително охрабрувачки за РКЕ е тоа што се очекува увозот да биде низок и во текот на целата 2024 година.
Ново на Сител
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи
-
Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд
-
Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО
-
Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога
-
Анкета на ИПИС: Мицкоски најпопуларен политичар, граѓаните очекуваат новата власт да биде подобра од претходната
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер