Ристовски: Екстерното тестирање за матурантите поминува без проблеми
Денеска е последниот ден од екстерното тестирање за матурантите, не постоеја позначајни проблеми, освен она што го информиравме на првиот ден. Другите денови немаше проблеми и едноставно не добивме ниту една реакција, истакна заменик-министерот за образование и наук Спиро Ристовски кој присуствуваше на отварањето на УГД Телевизија, која е составен дел од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Ристовски истакна дека очекува во наредните десет дена да има и резултати од екстерното тестирање за средношколците од завршните години.
- Измени за екстерното тестирање ќе има, ние тоа и го најавивме. Но со оглед на динамиката и времето ќе мора да ги подготвуваме тие измени за периодот кој што следува, за да го зголемиме квалитетот на самиот процес за што и ние сме подготвени. Јавно кажавме и апелираме секој што има добра идеја да ја даде за уште поголемо подобрување на овој систем, рече Ристовски и додаде дека ваков или сличен систем функционира во повеќе земји.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид