Република Бугарија и Република Северна Македонија ќе соработуваат и во областа на земјоделието
Советот на министри го одобри нацрт Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за земјоделие, храна и шумарство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството, соопшти прес-центарот на привремената влада.
Документот е основа за продлабочување на соработката меѓу двете министерства преку размена на научни и технички информации, трансфер на експертиза, споделување на добри пракси и развој и имплементација на заеднички истражувачки програми.
Двете земји, исто така, ќе соработуваат во областа на органското производство и преработка на органски земјоделски производи, биотехнологиите во растително и добиточно производство, селекцијата и размножувањето во сточарство, како и прекугранична соработка во областа на руралните области.
Ново на Сител
-
Повеќе од 4 часа траела акцијата за извлекување на безживотните тела на Галичица
-
Намален бројот на мигранти, но не и на обиди за влез во државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Што доби, а што загуби Македонија од договорот од Преспа?
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот