Македонија
25. May 2016 - 12:40

Рекордни цени - Значително поскапување на горивата

Американската лесна нафта за испорака во јули поскапи за 78 центи на 49,4 долари за еден барел, што претставува највисока цена во последните 7 месеци.

И европската нафта од типот „брент“ за испорака во јули поскапа е за 72 центи и вчерашното тргување го заврши на ниво од 49,33 долари за еден барел.

Во Македонија следната корекција на малопродажните цени ќе биде на 30 мај во понеделник. Актуелните цени се за скоро 5 долари по барел повисоки од просечната цена врз основа на која регулаторот ја одреди малопродажната претходниот понеделник.

Во вакви околности извесно е значително поскапување на нафтата и бензинот во Македонија. Нагорена корекција на цените меѓу 1 и 3 денари не би требало да биде изненадување.