Реакција на Основниот суд Скопје 1
Изненадувачки се и зачудуваат изјавите и коментарите на портпаролот на СЈО наменети за работата на Кривичниот суд во Скопје вели првиот човек на скопска единица Владимир Панчевски.
Во писмено соопштение Панчевски се вели дека ниеден вистински професионалец во правната фела не може да ги дели предметите и осомничените лица на „сериозни и банални“ бидејќи законот е еднаков за сите граѓани во Република Македонија, а еднаквоста при примената треба да ја обезбедат само сериозни непристрасни и посветени институции и секој сторител на кривично дело да одговара за своите постапки пред независен суд врз основа на докази и факти, а не теории, желби и нарачки.
Според него, неприфаќањето на одредени предлози од страна на судот, не е и неможе да биде никаква пречка во работењето на СЈО, кое како што вели досега не покажа дека има поместување во предистражната постапка ниту за они предмети каде нивните предлози за определување мерка притвор или други мерки за претпазливост беа прифатени од страна на судот.
Реакцијата на претседателот на Основен суд Скопје 1 следува по изјавата на портпаролот на СЈО Ристовска дека судот прави позитивна дискриминација на предметите на СЈО и лицата кои тие ги посочуваат како осомничени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024