Разбиена организирана криминална група – петмина приведени, за тројца одреден притвор
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со ОВР-Кичево и во координација со СВР – Скопје и Одделот за специјални полициски операции, вчера ги лишија од слобода Е.И. (28) од Скопје, А.К. (33) од Скопје, Н.А. (47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп.
По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, како што соопшти МВР, извршени се претреси во дом и други простории кај петте лица, при што се пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашкаста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела.
– Со ова се расчистени и две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари 2021 година, од кои едното со смртни последици. Петте лица се приведени за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.
Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и тие се предадени ОЈО Кичево, при што од страна на судија од Основен суд Кичево ним им е изречена мерка притвор. На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувалки материјали“ и по член 215 за „неовластено производство и пуштање во промет на наркоотчки дроги, психотропони супстанции и прекурсори“ од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија