-->
-->
Раул: Со максимална ангажираност до победа над Барселона
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар во недела го игра еден од најважните дуели од групата од Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува европскиот шампион Барселона, екипа која во саботата славеше минимална победа од 31:30 (на домашен терен) над Вардар.
Во таборот на „црвено-црните“ се свесни за предизвикот, а на денешниот прес тренерот на Вардар Раул Гонзалес истакна:
- Во Барселона игравме добро, но загубивме еден разлика. На тој дуел играчите беа малку уморни од настапите во репрезентацијата и од дуелот претходно одигран со Веспрем (СЕХА лига). Мораме да играме со 100 % од силите, бидејќи само така може да се победи Барселона. За овој натпревар играчите имаа и два дена одмор, но и добро трениравме. За победа мора да играме добро и во напад и во одбрана. Треба да бидеме на нивото како против Киелце, ама ќе биде тоа тешко. Никогаш не знаете кога Барселона ќе одигра одлично, не знаете кога Кирил Лазаров или Раул Ентрериос ќе одиграат одлично. Но, со полна сала ние секогаш играме 100 отсто од нашите можности.
За изборот со кои играчи ќе настапи во недела Раул најверојатно ќе одлучи по тренинзите кои ќе ги имаат играчите овие два дена. Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов е подобар и е во комбинација за натпреварот, додека Илија Абутовиќ вчера го имал првиот тренинг и не работел максимално со што неговиот настап е неизвесен.
- Треба да ги искористиме нивните грешки, покрај тоа ќе мора да одиграме добро , но ќе ни биде потребна и среќата. Не смееме да и дозволиме лесни голови на Барселона, истакна Алекс Душебаев.
Натпреварот Вардар – Барселона се игра во недела на 22.ноември во СЦ „Јане Сандански“, а влезниците за дуелот се продадени пред 20-тина дена. Вардар со победа во дербито на колото во групата ќе се врати на првата позиција на табелата.
Европскиот првак Барселона во Скопје ќе допатува утре вечер околу 19:30 часот и нема да одржи тренинг во салата каде ќе се игра натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале