Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
Сите мора да се погрижат Русија, која е единствениот предизвикувач на оваа војна, да ја прифати потребата за нејзино прекинување и да запре со нападите врз енергетската и друга цивилна инфраструктура со проектили, бомби и беспилотни летала и со воените операции во Црното Море, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето на специјалниот Европски совет посветена на поддршката на Украина и одбраната на Европа.
-Украина бара мир уште од првиот момент на војната, а ние секогаш велиме дека војната продолжува исклучиво поради Русија. Украина не само што е подготвена да ги преземе неопходните чекори за мир, туку и ние ги предлагаме тие чекори. Барам поддршка од Украина и европските лидери кои помагаат да се отвори патот кон мир, истакна Зеленски.
Според него, следниот чекор е изградба на доверба во околностите во кои би се одвивале мировните преговори.
-Украинците, сите Европејци, Американци и секое човечко срце во светот што не се согласува со војната, сите ние треба да чувствуваме дека Русите не не залажуваат. Ослободувањето на затворениците може да послужи како средство за воспоставување основната доверба. Тоа треба да се заснова на разбирањето дека секое примирје или мерки за градење доверба можат да послужат само како чекор кон целосно и правично решение, за сеопфатен договор за безбедносни гаранции и крај на војната, наведе Зеленски, додавајќи дека „Украинците навистина сакаат мир, но не по цена да се откажат од Украина“.
Според него, вистинското прашање пред какви било преговори е дали Русија е способна да се откаже од војната.
-Ве повикувам да продолжите да ја поддржувате позицијата дека сите прашања поврзани со безбедноста на Украина треба да се решаваат со учество на Украина, исто како што сите прашања поврзани со безбедноста на вашите нации или Европа како целина треба да се решаваат со вашето учество. Само тоа може да гарантира мир на континентот и почитување на интересите на сите европски држави. Затоа се обидуваме да обезбедиме застапување на европските интереси. Сè што влијае на безбедноста на Европа треба да се реши со учество на Европа, потенцира Зеленски.
Тој натаму наведува дека ги поздравува напорите на Европската комисија за повторно вооружување на Европа, заложбите на европски за зголемување на трошоците за одбраната и модернизација на националните арми и најавите за поголеми инвестиции во одбранбената индустрија.
-Благодарен сум за 16-тиот пакет санкции на ЕУ и мора да продолжиме да го применуваме овој притисок. Ни треба 17-ти пакет санкции. Овие санкции мора да останат во сила се додека Русија не ја прекине окупацијата, смета Зеленски.
Тој додава дека во вакви околности потребно е и да се забрза работата на преговорите за членство на Украина во ЕУ, посочувајќи дека Украинците навистина ценат дека во време на толку големи емоции во глобалната политика, европскиот интегритет е зачуван и Европа навистина се обидува да ја направи вистинската работа.
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале