Распределба на противпожарна опрема
Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе расподели противпожарна опрема на Територијалните противпожарни единици во дел од општините на Република Македонија.
Како што соопштија од Дирекцијата, ќе се распределуваат теренски моторни возила марка Volkswagen: модел Amarok 2.0TDI опремени со пумпи со висок притисок марка FIRECO HP, резервоари за вода од 320 литри и соодветна опрема за гасење на пожари на отворен простор и хидраулични уреди за спасување во сообраќајни несреќи марка HOLMATRO: со хидрауличен секач во U форма, хидрауличен раздвојувач и хидрауличен телескопски растегнувач – рам.
Со оваа опрема, сметаат од Дирекцијата, Територијалните противпожарни единици ја зголемуваат својата поготвеност за справувње со пожари на отворен простор и ефикасност при интервенци во сообраќајни несреќи.
Примопредавањето на опремата ќе се изврши во кругот на касарната Гоце Делчев, каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Ново на Сител
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп