Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистено убиство во обид од 10-ти овој месец и против две лица е поднесена кривична пријава од Единицата за насилен криминал – одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје.
Кривична пријава по брза постапка е поднесена против М.Е. од Скопје осомничен за кривично дело „убиство“ во обид и против Б.Р. од Скопје осомничен за кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело”.
МВР информира дека поради нерасчистени должничко-доверителски односи, на 10 декември 2024 пријавените отишле пред куќата на Д.Ј.(42) од скопското село Мирковци при што М.Е. од пиштол пукал кон него, но не го повредил.
- Судија на претходна постапка на М.Е. му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири