Балкан
10. May 2021 - 14:31

Рама: Мета мора да биде разрешен бидејќи е срам за Албанија

Додека неговата Социјалистичка партија продолжува со постапката за разрешување на претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама на средба со социјалистичките пратеници изјави дека ќе стори се за да ја „деминира институцијата Претседател“.

Тој истакна дека Мета не е ништо друго освен личност која ја засрамува Албанија, албанското општество и секој нормален граѓанин на албанската држава со неговото присуство на чело на државата.

– Со Илир Мета и неговата партија нема и нема да има никаква соработка. Мета треба да биде разрешен од фукцијата како анти-државна личност казнет од албанскиот народ на 25 април. Личност која ја срами Албанија, албанското друштво и секој нормален граѓанин на оваа држава со неговото присуство на чело на оваа држава, нагласи Рама.

Премиерот додаде дека за да се најде кандидат за нов претседател ќе се консултира со опозициската Демократска партија.

– Се уште е рано да се зборува за негов наследник, но, во секој случај, пред или навреме, зависно како ќе се одвива процесот, ние ќе се консултираме со Демократската партија за името на новиот претседател, изјави Рама.

Тој посочи дека сака јасно да стави до знаење оти разрешувањето на Мета нема врска со ниту еден друг мотив освен „нашето политичко позиционирање на страната на поголемиот број албански граѓани“.