Работно лето на Општина Центар
Изградба и реконструкции на градинки, доградба на училиште, реконструкција на коловози, изградба и довршување на детски игралишта, се дел од активностите на Општина Центар што ги посочи денеска градоначалникот Андреј Жерновски најавувајќи го „работното лето“ на општината.
До крајот на септември треба да биде завршен матичниот објект на детската градинка „Кочо Рацин“, а се довршуваат и детските игралишта „Агромеханика“ и на улицата „Јоаким Крчовски“ сопри што се гради и мал плоштад. На булеварот „Кочо Рацин“ се обновува зеленилото.
Според Жерновски, летово треба да почне доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“ каде се предвидени сутерен, приземје и два ката со кои ќе се зголеми површината со дополнителни осум училници, а ќе се реконструира и градинката „13 Ноември“. Во „работното лето“ градоначалникот најави реконструкција на коловозите на улицата „Орце Николов“, „Аминта Трети“ од булеварот „Илинден“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и на улицата „Тасино чешмиче“. За летово предвидени се нови фасади на улиците „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр. 30, „Иван Милутиновиќ“ и бул. Илинден бр.83, како и санација на детските игралишта во паркот Франкофонија и населбата Пролет. Изградба на на мали плоштади Жерновски најави на улиците „Пиринска“ и „Чедомир Миндеровиќ“, како и на улицата „Наум Наумовски Борче“ на која ќе се реконструира водоводот и атмосферската канализација.
На новинарско прашање за објектот „Езерце“ градоначалникот Жерновски рече дека во моментов проблемот е во Министерството за транспорт и врски кое треба да го додели градежното земјиште за кое, како што рече, слушнал дека на заинтересираните инвеститорите од Министерството им барале идејното решение да биде во барок стил.
На прашање за објектот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ Жерновски рече дека за констатираните неправилности во објектот од страна на инспекцијата на општина Центар, утре ќе испрати писмо до Град Скопје и државниот градежен инспектор со кое ги повикува, заедно со надлежните од општина Центар да излезат на терен и да ја констатираат состојбата. - Доколку не ни одговорат, ќе постапиме како со секоја дивоградба, без разлика за која политичка партија се работи, дали на власт или опозиција, рече Жерновски.
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите