Работнички го порази МЗТ Скопје Аеродром во 164. градско дерби
Кошаркарите на Работнички триумфираа вечерва над МЗТ Скопје Аеродром со 95-91 во 164. пресметка меѓу вечните градски ривали и му го нанесоа вториот пораз во серија на актуелниот македонски шампион.
Вечното македонско дерби донесе квалитетна кошарка во салата „Независна Македонија“ и победа за гостинската екипа, со која најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ја прекина серијата порази во дуелите со градскиот ривал, и најави дека ќе биде сериозен конкурент во битката за шампионската титула.
По 15. одиграни кола во Првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје останаа на лидерската позиција со скор од 12. победи и три порази, а Работнички е второпласиран со 11. победи и четири порази.
Декоси беше најефикасен во редовите на Работнички, реализирајќи 23. поени.
Во вториот натпревар вечерва во рамки на 15 коло, кошаркарите на ТФТ Моцарт извојуваа гостинска победа над Навико Академија ФМП со 90-62.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?