Работилница: Жените Ромки не си ги знаат правата
Жените од ромската заедница најчесто пријавуваат дека немаат пристап до институциите и не си ги знаат своите права. Не знаат каде да се обратат кога има семејно насилство, беше речено на денешната прва работилница од серијата „И јас можам“ што ги организира Националниот ромски центар во Штип.
Целта на работилниците е заштита од дискриминација на жените Ромки.
-На терен се покажува дека жените од ромската заедница не знаат во кои институции да се обратат кога има семејно насилство, рече Сабина Асанова, локален теренски консултант.
Според Катерина Шојиќ од Националниот ромски центар, идејата на денешната прва работилница е да се поттикне свесноста и да се придонесе кон спречување и заштита од дискриминација на жените Ромки.
-Другите обуки се за подигнување на свесноста за заштита и спречување на насилството врз жените Ромки и особено на семејното насилство, нагласи Шојиќ.
Ново на Сител
-
17 годишно дете со аутизам врзувано со синџири во психијатријата во Демир Хисар - Со какви проблеми се соочуваат родителите на овие деца?
-
Нови протести за скандалот Онкологија
-
Тема на денот со првиот човек на МЦМС Александар Кржаловски
-
Потпишан договор за ИПАРД 3 програмата
-
Шефовите на сите безбедносни и разузнавачки агенции на состанок за проблемот со мечките во Маврово-Ростуше
-
Приштина: Нападот во Бањска беше дел од план за анексија на северно Косово, Белград демантира
-
Лога „навива“ ВМРО-ДПМНЕ да го напушти Собранието
-
Законот за амнестија предизвика поделби и во СДСМ - Спасовски против решението